Русија ги изврши првите напади во Сирија

18.11.2016 12:59

За прв пат од рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се употребуваат крстосувачки ракети врз целите на Исламска држава во сирискиот град Алепо. Медиумите јавуваат дека се убиени неколку десетици џихадисти. Истовремено сириските сили напредуваат во конечното ослободување на градот.

Русија ги изврши првите напади во Сирија со авиони кои летнаа од базите на рускиот носач „Адмирал Кузњецов“ стациониран во сириските води. Цел на нападите беа позициите на Исламска држава и фронтот Ал-Нусра. Бомбардиран е и источниот дел на Алепо каде што, според бунтовниците, се уништени болница и амбулантни возила.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров, уверува дека нападите се насочени само во провинциите Идлиб и Хомс, непосредно по објавувањето на информацијата за голем број жртви во источниот дел на земјата.

Лавров истакна дека рускиот и сириските сили работат заедно единствено за да ја спречат Исламска држава, која бега од ирачкиот град Мосул, да премине во Сирија.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на Обединетите Нации за една година ги продолжи надлежностите на заедничкиот механизам на Обединетите Нации и Огранизацијата за забрана на хемиско оружје за истражување на хемиските напади во Сирија. ѓ

Во резолуцијата, која беше едногласно усвоена се посочува дека најостро се осудува користењето токсични хемикалии како оружје во сирија и се нагласува дека земјата нема да користи, разработува и да добива на каков било друг начин, да складира или да чува хемиско оружје.   

 

Марина Автовска