МРТ: Бесплатно политичко претставување
Бесплатното политичко претставување ќе се реализира на првиот и вториот програмски сервис од 28-ми ноември до 2-ри декември, од 16 до 23 часот. Емитувањето ќе биде според редоследот на гласачкото ливче, утврден со ждрепка од Државната изборна комисија.

Македонската радио- телевизија ги повикува сите коалиции и политички партии со потврдени кандидатски листи од Државната изборна комисија, да го искористат правото на бесплатно политичко претставување на своите изборни програми на првиот, вториот и на собранискиот сервис.
МРТ ги известува политичките субјекти дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите, нема да бидат емитувани.
Бесплатното политичко претставување ќе се реализира на првиот и вториот програмски сервис од 28-ми ноември до 2-ри декември, од 16 до 23 часот. Емитувањето ќе биде според редоследот на гласачкото ливче, утврден со ждрепка од Државната изборна комисија.
Повеќе информации за начинот на реализацијата на бесплатното политичко претставување може да се најдат на следниот ЛИНК.
