Титовиот сеф-предмет на сукцесија?

03.02.2014 14:05

Во Белград има полемика дали содржината на Титовиот сеф е предмет на сукцесија на државите наследничките на СФРЈ!

За златните полуги и накитот од Титовиот сеф- покрај фамилијата на Јосип Броз Тито, право за наследство од белградскиот суд побараа Словенија и БИХ. Со ова, во Белград се отвори полемика дали содржината на сефот е предмет на сукцесија за државите наследнички на СФРЈ.

Тома Фила, кој со години учествува во правната поделба на Титовото наследство меѓу Јованка Броз и Титовите синови Мишо и Жарко, за МТВ објаснува како е најден сефот.

 Бидејќи јас имав решение дека тројцата се наследници, барав да ми се достави список за да се види имотот и да се направи поделба според него. Така е откриен и сефот кој се наоѓа во тој записник. -Тома Фила-Адвокат

Утврдено е дека во него се наоѓаат златни прачки тешки 29 кг, 2670 златници, 150 парчиња златен накит со брилијанти и дијаманти, вредни одликувања, нумизматичка колекција од 1270  монети, златни плакети, девизи, сатови  и др.вредности, за кои се претпоставува дека се дел од наследство и на семејството Караѓорѓевиќ!

 Сефот не е предмет на наследство, туку што содржи тој и што е приватна сопственост на Тито. Се она на Караѓорѓевиќ е на Караѓорѓевиќ. Документацијата на ЦК и др. документи- тие се на државата. Доколку постои нешто што не е на Тито и на Караѓорѓевиќи и преставува основ за сукцесија-тоа е за сукцесија. Но, она што јас го видов од содржината на сефот, такво нешто не најдов! -Тома Фила-адвокат

Според Фила процесот на поделбата на Титовиот имот ќе трае уште 3-4 години!

Во Белград во тренд е отварање сефови. Покрај оној на Тито, деновиве се отвара и сефот на Аркан за кој е најзаинтересиран Хаг.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.