АХВ: Сите увезени пратки се контролираат
Увозот на месо и производи се врши од одобрени земји со ветеринарно- здравствен сертификат, се вели во соопштението на Агенцијата по информациите за пристигнатото свинско месо со поминат рок во црногорското пристаниште Бар.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на граничните премини задолжително ја контролираат секоја увезена пратка. Увозот на месо и производи се врши од одобрени земји со ветеринарно- здравствен сертификат, се вели во соопштението на Агенцијата по информациите за пристигнатото свинско месо со поминат рок во црногорското пристаниште Бар.
Се земаат и мостри за лабораториско испитување. На пратките кои не исполнуваат услови не им се дозволува увоз во земјава, соопштува Агенцијата, која ги повика граѓаните и операторите со храна за евентуалните небезбедни меса или други производи веднаш да ги пријават.
Месото што пристигна во Бар е од 1982-тата година и за него се алармирани сите држави во регионот.
