Стотина деца живеат и работат на улица
Стотици деца се присилени да живеат и работат на улица- предупредуваат граѓанските организации. Бараат институциите да ги заштитат. Во Дневниот центар во Шуто Оризари се згрижени 100-ина, на кои им е овозможено да се вклучат во образовниот процес.

10-годишникот од Шуто Оризари, веќе чeтири години не пита по улици. Редовно доаѓа во Дневниот центар за деца од улица, пишува домашно и оди на училиште.
100 деца од ромската заедница, на возраст од 4 до 18 години го посетуваат едукативниот центар во Шуто Оризари.
Едукативниот забавен дневен детски центар за деца од улица опстојува една деценија.
Децата на улица се изложени на ризик од трговија со луѓе и различни облици на насилство. Точна бројка нема, невладните велат дека стотици деца се присилени да живеат и работат на улица.
Наташа Јанчиќ
