Се развива женското претриемништво

18.11.2016 16:44

Проблеми со обезбедувањето финасии, немањето доволно информации, предизвик да се усогласат секојдневните обврски во семејството и работата- ова се главните проблеми со кои се соочуваат жените претприемачи. Сѐ уште се присутни и предрасудите.

Со 20 илјади деловни субјекти во Македонија менаџираат жени. Вработуваат над 50 илјади лица. Финансисиите, ликвидноста, балансот меѓу работата и семејството, немање доволно време за едукација и усовршување, проблеми кои демнеат на женското претприемништво во Македонија. Истражувањата на Здружението на бизнис жени говорат- оние со сопствен бизнис ретко користат грантови, кредити, фокусирани се на средствата од фондовите за развој.

Но, има и жени претприемачи кои со самодоверба ги надминуваат конкретните проблеми и не ги обесхрабруваат предрасудите дека водењето бизнис е машка работа. Најмногу ги има во секторот трговија и во преработувачката индустрија. Со два милиони евра од државната каса се субвенциниора 23 компании управувани од жени претриемачи.

Во Македонија се активни 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена. Најголемиот дел од нив 8.139 се во секторот трговија на големо и мало, потоа следи преработувачката индустрија. Веќе петта година, Министерството за економија ја спроведува мерката финансиска подршка за женско претпримеништво и жените- претприемачи може да аплицираат за набавка на опрема, вели Дритон Кучи, министер за економија.

На Светскиот ден, во 144 земји успешни деловни жени, менаџерки лидерки порачаа- женското претприемништво е важен избор за економски раст.

 

Сузана Фиданска- Стоевска