Белград и Приштина подготвени за продолжување на дијалогот
Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи изразиле подготвеност ...

Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи изразиле подготвеност да продолжат со дијалогот за нормализирање на односите и да понудат на српскиот и на албанскиот народ мир и просперитет. Дачиќ и Тачи синоќа учествуваа на дискусија за односите меѓу Србија и Косово, чиј модератор беше Кетрин Ештон, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Двајцата премиери оцениле дека освен билатералните односи, врските со Европа се исто така од клучно значење, се наведува во соопштение објавено на интернет страницата на минхенската Меѓународна конференција за безбедност.
Кетрин Ештон истакнала дека Тачи и Дачиќ веќе имаат минато 220 часа во разговори за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Дачиќ и Тачи ќе се сретнат со Ештон на нов круг преговори на 12 февруари во Брисел.
