Средба Обама- Путин во Лима

21.11.2016 10:11

На неформалната неколкуминутна средба за време на состанокот на Организацијата за економска соработка на Азија и Пацификот „АПЕК“ во Перу, Обама нагласил дека Москва мора да ги почитува обврските од Минскиот договор.

Американскиот претседател во заминување Барак Обама побара од рускиот колега Владимир Путин дополнителни напори за ограничување на насилствата врз цивилите во Сирија.

На неформалната неколкуминутна средба за време на состанокот на Организацијата за економска соработка на Азија и Пацификот „АПЕК“ во Перу, Обама нагласил дека Москва мора да ги почитува обврските од Минскиот договор.

Ова е нивната прва средба откако Доналд Трамп беше избран за нов американски претседател.

Односите меѓу двете земји се на најниско ниво по крајот на Студената војна, првенствено поради дијаметрално спротивните ставови за кризата во Сирија и во Украина.