Народен правобранител: Да се создадат услови за остварување на избирачкото право

21.11.2016 10:30

Граѓаните не смеат да молчат, напротив, мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид, го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина, се вели во соопштението.

Народниот правобранител во пресрет на предвремените парламентарни избори потсети на важноста на избирачкото право и на начинот на остварувањето и заштитата на ова право.

Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет. Секој има право да се изјасни за својата опција, без притоа да трпи некакви последици. Граѓаните се тие кои решаваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да решава. Граѓаните не смеат да молчат, напротив, мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид, го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина, се вели во соопштението.

Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните да ја пријават секоја форма на притисок, прекршување на нивните права и на прописите и на отворената бесплатна телефонска линија 0800 54321.