Мит Ромни- кандидат за иден државен секретар

21.11.2016 10:53

Во 2012 година, Ромни беше поразен од Барак Обама, кој тогаш го освои вториот претседателски мандат.

Поранешниот претседателски кандидат од републиканците Мит Ромни, и еден од најжестоките критичари на Доналд Трамп, е кандидат за иден државен секретар. Новиот потретседател Мајк Пенс потврди дека Ромни имал средба со Трамп на која разговарале и за неговата улога во идната администрација.

„Претседателот Трамп беше благодарен што гувернерот Мит Ромни дојде во Њу Џерси. Имавме едночасовна средба која не беше само срдечна, туку и суштинска. Кандидатурата за државен секретар за гувернерот Ромни е една од оние што посериозно и поактивно се разгледува“, изјави Мајк Пенс, новоизбран потпретседател на САД.

Во 2012 година, Ромни беше поразен од Барак Обама, кој тогаш го освои вториот претседателски мандат. Како други кандидати за шеф на американската дипломатија, и натаму се споменуваат уште и Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, и Њут Гингрич, некогашен спикер на Конгресот.