ЕП: Можност за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ

21.11.2016 11:20

Барањето за ваков чекор е од двете најголеми групи- Европската народна партија и Социјалдемократите.

Агендата на Европскиот парламент за средбата во Стразбур опфаќа замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ. Барањето за ваков чекор е од двете најголеми групи- Европската народна партија и Социјалдемократите.

Инаку, главна тема на ноемврискиот состанок ќе биде развивањето на европската одбрана. Според европратениците, НАТО треба да остане основата на заедничката одбрана во Европа.

Во период кога САД се пренасочуваат кон Азија, се очекуваат промени во трансатланската одбранбена политика.