Корупцијата ја чини ЕУ околу 120 милијарди евра годишно
03.02.2014 14:22
Раширената корупција низ ЕУ ја чини годишно економијата на Унијата, околу 120 милијарди евра...

Раширената корупција низ ЕУ ја чини годишно економијата на Унијата, околу 120 милијарди евра, покажува најновиот извештај на Европската комисија. Во документот се вели дека корупцијата ја поткопува вербата во демократијата и ги исцрпува ресурсите за организирање и одржување на економија, заснивана на правни норми анализираат лондонските медиуми. Извештајот е изработен врз основа на анализите направени во сите 28 земји-членки на ЕУ.
„Корупцијата се шири секоја година, па може да се најде и во Шведска, која има најмалку проблеми со неа“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи, Швеѓанката Сесилија Малмстром.
Еврокомисијата им порача на членките дека, пред се, тие се должни да се борат и да ја елиминираат корупцијата, а не тоа да се очекува од Брисел, откако истражувањето што е направено покажа дека четворица од 10 бизнисмени ја опишуваат корупцијата како пречка за правење бизнис зделки во ЕУ.
Извештајот на ЕК вели дека корупцијата е раководена од организирани криминални групи и организации кои имаат изработена софистицирана мрежа. Како „жешки точки“ за организиран криминал обично се посочуваат Бугарија, Романија и Италија.
Лидија Чакар
