ПССЕ во предизборна мисија во Македонија

21.11.2016 12:33

Се очекува делегацијата од Стразбур да се сретне со претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи, како и со претставници на политички партии кои учествуваат на изборите, претседателот и членовите на Државната Изборна Комисија, на Специјалното обвинителство, како и членови на дипломатскиот кор и претставници на меѓународни организации, граѓанското општество и медиумите.

Шестчлена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од австриецот Стефан Шенах, денеска и утре спроведува предизборна посета на Македонија, за да направи проценка на предизборната кампања и политичка клима пред парламентарните избори закажани за 11-ти декември.

Се очекува делегацијата од Стразбур да се сретне со претседателот на Собранието и министерот за внатрешни работи, како и со претставници на политички партии кои учествуваат на изборите, претседателот и членовите на Државната Изборна Комисија, на Специјалното обвинителство, како и членови на дипломатскиот кор и претставници на меѓународни организации, граѓанското општество и медиумите.

Парламентарното собрание на Советот на Европа изборите на 11-ти декември ќе ги следи со делегација од 25 члена, по што ќе биде изработен извештај кој ќе биде претставен на отворањето на парламанетарната сесија во јануари 2017-та година.