Промовиран Кодексот за судиска етика на судиите
Директорката на Академијата за судиии јавни обвинители, Анета Арнаудовска информира дека Етичкиот кодекс на судиите во Македонија е донесен во 2014 година кој предвидува советодавно тело во согласност до препораките од ГРЕКО...

Независен, непристрасен и со закон востановен суд претставува гаранција во заштитата на уставноста и владеењето на правото. Судијата е должен да ја врши судската функција непристрасно, како при донесување на одлуките, така и во водење на постапките, ова е содржано во Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија , што денеска беше промовиран.
Директорката на Академијата за судиии јавни обвинители, Анета Арнаудовска информира дека Етичкиот кодекс на судиите во Македонија е донесен во 2014 година кој предвидува советодавно тело во согласност до препораките од ГРЕКО од 4-тиот круг на оценка кој бара да се формира советодавно тело кое ќе ги советува судиите во случај кога имаат етички дилеми.
Споделени беа искуства со судии од други земји каде што функционираат етички комисии и комитети.
„Во Хрватска секој Апелационен суд има етички комитет што го бираат самите судии на општи избори и тие имаат две функции. Едната е да дава оценки за тоа дали некој од нив евентуално го прекршил етичкиот кодекс, а другата функција му е да ги оценува судиите. Постапката има два степена и во случај судијата да не биде задоволен има посебно тело при Врховниот суд, кое решава по жалба“, изјави Ѓуро Сеса, судија на Врховниот суд на Хрватска.
„Добиваме на месечна база предлози за донесување на начелни ставови. Слично на Хрватска, не станува збор за дисциплинска одговорност на етичкиот комитет, туку донесуваме правци, препораки што потоа во нивната работа можат да ја користат судиите“, вели Нина Бетето, судија на Врховниот суд во Словенија.
