Антимигрантски протести во Бугарија
Од властите бараат итни мерки против мигрантите кои вршат злосторства и напади. Организаторите во Варна од т.н. „Граѓанска иницијатива“, протестираат поради економските мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак.

Антимигрантски протести во неколку градови во Бугарија. Националистите се собра во Софија. Од властите бараат итни мерки против мигрантите кои вршат злосторства и напади. Организаторите во Варна од т.н. „Граѓанска иницијатива“, протестираат поради економските мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак.
„Сакаме да се исчисти регионот околу „Лавов мост“ зашто состојбата веќе е симптоматична.“
„Државата треба да ги ограничи и да ги надгледува. Во групата има само млади мажи од 25 до 35 години, без жени и деца. Тие не може да се бегалци“, велат демонстрантите.
Бугарските граѓани бараат поголема безбедност на границите, затворање на камповите, депортирање на илегалните мигранти и санкции за непочитување на законот за азил.
