Огромен интерес за новите полициски пилоти

03.02.2014 14:28

Конкурсот што го распиша МВР за прием на 12 пилоти...

Конкурсот што го распиша МВР за прием на 12 пилоти наиде на  голем интерес кај младите. Само неделава се пријавиле 90 – тина, од кои 9 се девојки.

Полицискиот врв и премиерот Никола Груевски во посета на тренинг-центарот за пилоти на хеликоптери.

Обуката  ја реализираат висок стручен кадар од израелската компанија Елбит, инструктори од Македонија и од авијациската школа од Оксфорд.  

Беа запознати со текот на обуките што се извршуваат во Петровец, како и за селекцијата што ќе биде направена пред приемот на кандидатите за идни полициски пилоти.

 

Наташа Гркова –Петрушевска