Промовиран Кодекс на судска етика

21.11.2016 14:48

Гаранција во заштитата на уставноста и владеењето на правото е независен и со закон востановен суд и судии што ќе ја вршат непристрасно функцијата. Промовиран Кодексот на судска етика за судии во Македонија. Изготвен 2014-тата од Академијата на судии и јавни обвинители и Здружението на судиите, а во соработка со ИПА проектот 2010. Предвидува советодавно тело во согласност со препораките од ГРЕКО.

Судијата е должен да ја врши својата функција непристрасно и независно, како при донесување на одлуките, така и во водење на постапките. Ова се дел од принципите содржани во Кодексот за етика на судиите во Република Македонија. Кодексот донесен 2014-тата дава насоки за однесувањето на судиите. Останува да се формираат советодавни тела, што би ги советувале судиите кои имаат етички дилеми. Во Хрватска секој Апелационен суд има етички комитет, кој оценува дали судијата го прекршил кодексот, и го оценува судот.

„Во Хрватска секој Апелационен суд има етички комитет што го бираат самите судии на општи избори и тие имаат две функции. Едната е да дава оценки за тоа дали некој од нив евентуално го прекршил етичкиот кодекс, а  другата функција му е да ги оценува судиите. Постапката има два степена  и во случај судијата да не биде задоволен има посебно тело при Врховниот суд, кое решава по жалба“, изјави Ѓуро Сеса, судија на Врховниот суд на Хрватска.

Во Словенија не се изрекува дисциплинска одговорност, туку се даваат препораки што можат да им помогнат во работата на судиите во донесувањето на одлуките. Судијката Бебето смета дека етичките стандарди треба да ги донесуваат самите судии.

„Добиваме на месечна база предлози за донесување на начелни ставови. Слично на Хрватска, не станува збор за дисциплинска одговорност на етичкиот комитет, туку донесуваме правци, препораки што потоа во нивната работа можат да ја користат судиите“, вели Нина Бетето, судија на Врховниот суд во Словенија.

Судството треба да ја задржи својата позиција на независност и на непристрасност, а не да води политичка кампања во судски избори, смета директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска која ги коментираше изјавите и кривичните пријави против судии.

„Сметам дека секој од нас од носителите на правосудните функции треба да даде отчетност пред јавноста во поглед на тоа што стаботил во својот мандат. Мислам дека се помалку треба да се користи медиумскиот простор во изборна кампања. Ние треба да го користоиме медиумскиот простор за промоција на нашите институции, на она што сме го постигнале, а не за себе промоција“, вели Арнаудовска.

Порача, со изјавите судиите да го почитуваат и градат угледот на судството во јавноста.

 

Наташа Гркова- Петрушевска