Компаниите бараат измени на Законот за заштита при работа и слободен пазар
Според Групацијата, вработените не се запознаени со проценката на ризик во фирмата, иако работодавачот е должен за тоа да ги информира. Смртни случаи има најмногу во градежништвото.

Измени на законот, слободен пазар и професионализација на дејноста, бара Групацијата за безбедност и здравје при работа на Стопанската комора. Велат дека зконот досега е сменет десет пати, но и покрај тоа, праксата покажува голем број слабости.
Како што рекоа денеска на прес-конференција претседателот и потпретседателот на Групацијата, Сашко Стојмановски и Борче Стојчевски, животот на секој вработен во земјава од аспект на заштита чини не повеќе од 100 евра, бројот на смртни случаи бележи пораст, а стручни кадри во областа нема доволно.
Според Групацијата, вработените не се запознаени со проценката на ризик во фирмата, иако работодавачот е должен за тоа да ги информира. Смртни случаи има најмногу во градежништвото.
Околу 40 компании се занимаваат со заштита при работа и уште толку се лекари за медицина на труд.
