СОС Детско село Македонија одбележува 15 години постоење

21.11.2016 15:02

Под покровителство на сопругата на претседателот Маја Иванова и амбасадата на Аавстрија, ќе се одбележи јубилејот, поттик за натамошна поддршка и грижа за оваа категорија деца.

Во 12 домови, 25 деца живеат во детското село. Заедно ги делат радоста, успесите, Анегдотите, тагата. 15 години од основањето на организацијата, стотина млади без родителска грижа, го минаа своето детство со несебична љубов и грижа на низа воспитувачи.

Под покровителство на сопругата на претседателот Маја Иванова и амбасадата на Аавстрија, ќе се одбележи јубилејот, поттик за натамошна поддршка и грижа за оваа категорија деца.

Сопругата на Претседателот Маја Иванова, изрази задоволство што е дел од СОС Детското село и што има чест да биде покровител на манифестацијата.

Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и убавини. Да бидете добри ученици и да ви се остварат сите желби. Да станете одлични спортисти, добри глумци и глумици, да бидете аналитичари, правници, доктори и се она што ви посакува срцето, рече Иванова.

Таа ги поздрави децата од семејството Иванов и изрази голема почит кон СОС мајките кои, како што рече даваат несебична грижа и љубов на децата за тие да израснат во подготвени и лојални граѓани на нашата држава.