Заев пред младите ја презентира програмата „План за живот во Македонија“

21.11.2016 15:22

Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, како што истакна претседателот на СДСМ, ќе создадеме услови просечната плата во Македонија да биде 30 илјади денари. Тоа ќе биде предуслов вели, младите да не се двоумат да создаваат семејство и да градат просперитетна иднина.

Секој сегмент од програмата „План за живот во Македонија“ има свој препознатлив дел што е посветен на младите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев. Партијата се залага за градење успешна перспектива за да ги задржиме младите да останат во својата земја и тука да основаат семејство и да ја градат кариерата, вели Заев. Како што додаде, во партиската изборна програма се вградени мерки, со кои според Заев, се гарантира шанса за секој млад човек. 

Во програмата на СДСМ е предвидено дека секој студент ќе добие платежна картичка, ќе има попусти во студентските кампуси, пониски цени за меѓуградскиот превоз, бесплатен влез за студентите во националните установи, попусти за спортските и за културните настани. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, како што истакна претседателот на СДСМ, ќе создадеме услови просечната плата во Македонија да биде 30 илјади денари. Тоа ќе биде предуслов вели, младите да не се двоумат да создаваат семејство и да градат просперитетна иднина. Планираме, додаде лидерот на СДСМ и изградба на нов студентски град во Скопје и кампуси во Битола, Штип и во Тетово.

Потенцира дека голем процент од млади луѓе се вклучени во органите на партијата, а како што рече, доколку СДСМ победи на претстојните избори, за нив ќе има место и во извршната власт. Да престанеме само да ги слушаме,туку напротив да ги имплементираме идеите на младите, порача претседателот на СДСМ. Тие се авангардата во секое општество и мора да бидат, како што потенцира Заев, креатори на нашата заедничка иднина.

 

Милчо Велески