Продолжува работата на Комисијата за следење на изборни нерегуларности
Формирањето на Комисијата е во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и за следење на евентуални изборни нерегуларности, што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 11-ти декември, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на РМ.

Продолжува работата на комисија за следење на изборни нерегуларности која беше формирана од јавниот обвинител на Република Македонија во март 2016-та година. Формирањето на Комисијата е во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и за следење на евентуални изборни нерегуларности, што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 11-ти декември, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на РМ.
Со Комисијата претседава јавен обвинител, а членови на Комисијата се четворицата виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Во функција е електронската адреса [email protected] на која граѓанските организации, но и граѓаните воопшто, можат да пријавуваат секакви сомневања за сторени кривични дела поврзани со изборите.
