„ВМРО за Македонија“ ја почна кампањата пред Споменикот на бранителите

21.11.2016 15:31

Предизборната кампањата ја започнаа пред Споменикот на бранителите, како што велат, симболот на тешките македонски времиња.

Има алтернатива за битката што ја водат големите партии која е недостоинствена и никаде не се гледа интересот на Македонија, порачуваат од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Предизборната кампањата ја започнаа пред Споменикот на бранителите, како што велат, симболот на тешките македонски времиња.

Наша обврска е да ја продолжиме борбата за македонија, вели Љубе Бошковски лидерот на „Обединети за Македонија“.

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ порача дека ќе се залагаат и за правата на македонските бранители кои сѐ уште имаат нерешени прашања.

Од коалицијата „ВМРО за Македонија“ истакнуваат дека се посебни политички субјекти и дека не припаѓаат ниту на ВМРО- ДПМНЕ, ниту на СДСМ. Ќе понудат решенија за проблемите со кои денес е соочена земјава.

 

Сунчица Николоска