Поголем откуп на земјоделски производи

22.11.2016 09:56

За разлика од поголемите комбинати, индивидуалните земјоделци во јули, август и во септември годинава продале помалку земјоделски производи од лани. Иако во помал обем за производство на добиточна храна најмногу се тргувало со житата и со фуражните култури.

Зголемен вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во третиот квартал од годинава.

Во јули, август и септември тргувањето со земјоделски производи е зголемено за 1,2 процента во однос на лани.

Кај откупот од индивидуалните производители е забележано намалување за 11, а продажбата кај земјоделските стопанства била поголема за 22 проценти.

Зголемен откуп и продажба статистиката евидентирала кај житата, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалена побарувачка кај индустриските и градинарските растенија, грозјето и добитокот.

Најголема вредност на вкупното тргување со земјоделските производи имало во месец јули, додека во август и септември се тргувало помалку.

 

Методија Трајков