Светска банка: Политичката криза влијае на економскиот раст

22.11.2016 10:48

Растот догодина треба да е 3,3 и 3,7 проценти во 2018 година, прогнозира Светска банка во најновиот економски извештај.

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде ограничен на 2 насто поради продолжувањето на политичката криза. Растот догодина треба да е 3,3 и 3,7 проценти во 2018 година, прогнозира Светска банка во најновиот економски извештај.

Според Светска банка, политичката ситуацијата останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на растот на среден рок.

Од земјите во регионот се предвидува најголем раст оваа и наредната година да има Косово со 3,6, односно 3,9 проценти.