Трамп ги претстави приоритетите

22.11.2016 11:08

Најавен е и сеопфатен план за одбрана на Америка, вклучувајќи ги и кибер-нападите, проверка на системот за издавање на визи, забрана за лобирање од страна на претставниците на власта откако ќе си заминат од администрацијата...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги претстави приоритетите на неговата администрација. Најамбициозниот потег е повлекувањето од трговскиот договор познат како „Транспацифичко партнерство“.

„Агендата се состои од едноставни принципи кои ја ставаат Америка на прво место. Сакам идната генерација во производството и иновациите да се случи токму овде, во нашата голема татковина, во Америка, за да му обезбеди богатство и работни места на американскиот работник“, изјави Трамп.

Најавен е и сеопфатен план за одбрана на Америка, вклучувајќи ги и кибер-нападите, проверка на системот за издавање на визи, забрана за лобирање од страна на претставниците на власта откако ќе си заминат од администрацијата и враќање на средната класа.