Повторно одложено судењето за случајот „Поткуп“

22.11.2016 11:41

Во судницата на рочиштето се појави Заев, но не дојдоа тројцата негови адвокати. За следното рочиште, судијката одреди два датуми, 2-ри и 20-ти декември.

Повторно е одложено судското рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во судницата на рочиштето се појави Заев, но не дојдоа тројцата негови адвокати. За следното рочиште, судијката одреди два датуми, 2-ри и 20-ти декември.

Според обвинението, Заев како градоначалник на Општина Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од нешто повеќе од 160 илјади евра, односно по две евра за метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот имал интерес да го приватизира.

На јавната седница за оценување на обвинителниот акт, која се одржа лани, одбраната на Заев тврдеше дека описот на кривичното дело не ги содржи главните елементи на примање поткуп, односно дека нема службени дејствија што ги презел Заев како градоначалник, ниту пак примил пари за извршената работа.