Попоски се сретна со делегацијата на ПССЕ

22.11.2016 11:47

Министерот Попоски ги повтори позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакна и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средба со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за проценка на изборната кампања и политичката состојба во Република Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година, соопшти од МНР.

Делегацијата беше предводена од пратеникот од Австрија, Стефан Шенах  и притоа беа разменети мислења за престојните избори и очекувањата од истите.

Попоски ги повтори позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакна и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На средбата беше истакната важноста од спроведување фер и демократски избори и беа изразени очекувањата за добар изборен процес, стои во соопштението на МНР.