Тигар нападна девојче во Саудиска Арабија

22.11.2016 13:26

Очевидците велат дека човекот кој го донел животното за да изведе забавна точка за минувачите успеал да го скроти тигарот и да го спаси детето.

Тигар нападна девојче на плоштад во Саудиска Арабија. Очевидците велат дека човекот кој го донел животното за да изведе забавна точка за минувачите успеал да го скроти тигарот и да го спаси детето.

Во заливските земји дивите животни често се чуваат како домашни миленици.