Отворена музејската поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“
Во годината кога се одбележува еден век од пробивот на сојузниците на Македонскиот фронт во Првата Светска војна, Министерството за одбрана доби драгоцен подарок. Фотографии од тогашниот терен снимени од италијанските војници и топографи.

Воено- хронолошка, но пред сѐ интересна изложба во која се проткаени 16 панорамски серии или 150 фотографии од Македонскиот фронт, сопственост на Италијанскиот Генералштаб, подарок за Министерството за одбрана. Пробивот на линијата одбележан низ битките во дојранско и најмногу во битолско. На македонска територија загинале 10 илјади италијански војници.
„Операциите на Македонскиот фронт ја чинат Италија повеќе од 10.000 војници, изложбата ја посветуваме на нив и нивото сеќавање“, рече Карло Ромео, амбасадор на Италија во Македонија.
„Историјата не учи дека во клучните моменти на решавање на воените исходи, нашата територија и луѓе, дале големи човечки и материјални жртви и придонес за завршување на Првата светска војна“, изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Нашата Армија е во мировна мисија во Либан заедно со италијанската. Под знамето на сините шлемови се очекуваат нови заеднички операции. На 100-те години од Првата Светска војна, Италија на Македонскиот фронт, во кој загинаа и 128 илјади регрутирани македонци, беа и амбасадорите на ЕУ и САД, Жбогар и Бејли.
Зоран Богатинов
