Дознаките од странство- 10% од БДП
Инстиутот за економски истражувања и политики со нова метода „делфи“ и со прво истражување во Македонија открива. Иселениците на семејствата во Македонија им испраќаат стотици милиони долари што зафаќа и 10 насто од бруто домашниот производ. Сумите се двојно повеќе од инвестициите во земјава па се отвора прашањето дали и како може да се насочат во отворање нови бизниси.
По 400 милиони долари иселениците годишно им испраќаат на семејствата во Македонија. За пет години тие ќе стигнат до 460 милиони долари што е значајна ставка во бруто домашниот производ и е двојно повеќе од директните странски инвестиции, констатираат од Институтот за економски истражувања и политики. Неофицијално, сумите се двојно поголеми.
Милионите се користат за секојдневни потреби. Дознаките од странство тешко се евидентираат и се контролираат, велат монетарците. Но, дали може да се насочат во бизнисот и во пазарот на трудот?
Во Македонија недостасуваат професионални финансиски консултанти кои ќе советуваат каде да се вложат парите. Тоа е задача на државата и на невладиниот сектор.
Ова е прво истражување со нова метода за протокот на парите од иселениците до нивните семејства во земјава.
Елизабета Митреска