Тачи: Разрешување на кризата и забрзување на евро-атланските интеграции
Претседателот на ДПА ја претстави програмата, пренесувајќи ја како што рече, понудата, за разрешување на внатрешната криза и за забрзување на евроатланските интеграции на земјата. Тачи потенцира дека кај народот е веќе големо незадоволството од нивните опоненти, Демократската унија за интеграција. Но, повика на фер и мирни избори.

Во своето обраќање пред симпатизерите и членовите претседателот на Демокартската партија на Албанците, Мендух Тачи ја претстави програмата, пренесувајќи ја како што рече, понудата, за разрешување на внатрешната криза и за забрзување на евроатланските интеграции на земјата. Тачи потенцира дека кај народот е веќе големо незадоволството од нивните опоненти, Демократската унија за интеграција. Но, повика на фер и мирни избори.
„Се разбира дека сме во состојба на извонредно и многу големо незадоволство кон нашите опоненти, Али Ахмети и ДУИ. Сепак ние кои ќе бидеме победници и кои ќе ја донесеме слободата и економското зајакнување на Албанците од денеска треба да се погрижиме состојбата да не излезе од контрола. Има многу непријатели кои се заинтересирани политичката состојба на Албанците од Македонија да ја извадат од контрола. Ние нема да дозволиме тоа да се случи. Ние и ДУИ, вистината е дека сме Албанци. И јас и Али Ахмети сме албанци. Ние си конкурираме еден на друг за да му укажеме на народот на тоа дека кој од нас двајцата е поспособен, поумешен да ги оствари целите на Албанците. Конкурираме не за да влеземе со насилство во институциите, туку со квалитет“, потенцира Мендух Тачи.
Носителот на листата во оваа изборна единица, Идриз Орана посочи дека ДПА ќе стави крај на сите неправди што нивниот опонент му ги нанесол на алабанскиот народ во Македонија.
„Во неделата бевме сведоци на една мачна сцена, најмачна од кога постои политичкиот плурален систем во земјава: полна сала активисти и членови на ДУИ му испратија силна пораката на Али Ахмети и неговиот пријател Артан. Им рекоа бегајте од каде што сте дошле зашто веќе сте подобранци во реалноста на Албанецот, поради тоа што цели 15 години имавме лаги, манипулации, уништување на националното богатство, узурпирање на заслугите на народот. Цели 15 години деградирање на Албанците, подбивање со албанското достоинство, убиства, затвори, пазарења со националните чувства“, нагласи Орана.
Политичката понуда на ДПА се состои во определбата за реципрочна распределба на буџетот на целата територија на земјата, за подобрување на здравствениот и на образовниот систем, посочи лидерот на партијата, Тачи.
Тој додаде дека ДПА ќе побара корекција на државните симболи со соодветна застапеност во нив на сите заедници во Македонија и ќе се залага за целосна службена употреба на албанскиот јазик.
Под мотото „Чекориме право“, Демократската партија на Албанците вечерва ќе оддржи митинг во Долнени. Со свои листи настапува во првата, втората, третата, петтата и шестата изборна единица. Без кандиати е во четвртата и во седмата изборна единица, односно во дијаспората.
Фиљана Кока
