Заев: Обичниот човек ни е во фокус, имаме план за живот во Македонија
Опозицијата стартот го имаше со митинг во Прилеп. На 11-ти декември носиме одлука во каква Македонија сакаме да живееме- беше речено на митингот. Нас обичниот човек ни е во фокусот. Да овозможиме пристоен живот за сите- порача лидерот на Социјал- демократите и носител на изборната листа во 4-та изборна единица, Зоран Заев.

Под мотото „План за живот во Македонија“ коалицијата предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија го започна својот предизборен караван. Опозицијата стартот го имаше со митинг во Прилеп. На 11-ти декември носиме одлука во каква Македонија сакаме да живееме- беше речено на митингот. Нас обичниот човек ни е во фокусот. Да овозможиме пристоен живот за сите- порача лидерот на Социјал- демократите и носител на изборната листа во 4-та изборна единица, Зоран Заев.
Опозициската коалиција преводена од СДСМ ветува просечна плата до 30.000 денари, подршка на домашните фирми со 140 милиони евра, враќање на данокот во висина од 15 проценти, но и бесплатно болничко лекување. Ќе ја вратат евтината тарифа на струјата, а ќе ја укинат радиодифузната такса. Така секое семејство ќе има повеќе за храна, а ќе можат да си дозволат и одмор.
Претходно коалцијата предводена од СДСМ одржа средба со граѓаните во Крушево. Таму носителот на листата во 5-та изборна единица, Радмила Шеќеринска пред присутните рече дека ќе градат институции во служба на граѓаните.
Од Крушево и Прилеп опозицијата вети сигурни субвенции за тутунарите и повисока цена за откуп на тутунот.
Миле Ристески
