Поддршка за СЈО од Коалицијата за промени и правда

22.11.2016 16:07

И покрај тоа што сме во изборна кампања ова јавно обвинителство треба да работи со полна пареа. После 11- ти декември ќе мора да се направи нов договор за да се формира посебен орган во рамките на Кривичниот суд кој ќе постапува по кривичните пријави на Специјалното јавно обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство се соочува со сериозни проблеми во својата работа, велат од Коалицијата за промени и правда. Додаваат дека има спречување на правдината во Република Македонија бидејќи, според нив, сите институции што се под контрола на власта не соработуваат со СЈО. Главна институција која го блокира Специјалното јавно обвинителство е судот, Кривичниот суд во Скопје, додаде лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

И покрај тоа што сме во изборна кампања ова јавно обвинителство треба да работи со полна пареа. После 11- ти декември ќе мора да се направи нов договор за да се формира посебен орган во рамките на Кривичниот суд кој ќе постапува по кривичните пријави на Специјалното јавно обвинителство. Трајанов додаде дека очекува да има ревизија на работата на секој јавен обвинител.

Никој да не се обидува да го проблематизира постоењето и работењето на СЈО, истакна Слободан Богоевски носител на листата во четвртата изборна единица.

Од оваа коалиција сметаат дека ќе има промени во Јавното обвинителство и ќе се отворат многу поголеми можности за да се расчистат работите во РМ. Оттаму велат дека тоа ќе биде добра основа да се стабилизираат односите и да се создаде клима за нормално одвивање на животот во Македонија.

 

Елизабета Кузмановска