Фудбал

Михајлов на клупата на Рудар од Приедор

03.02.2014 15:16

Горазд Михајлов е нов тренер на Рудар од Приедор.Михајлов е првиот македонски тренер, кој е на чело на еден прволигаш од Босна и Херцеговина.На клупата на Рудар ќе биде во наредната година. Во работата ќе му помага Борче Лазарев, досегашниот кондиционен тренер на Тетекс од Тетово.

39 годишниот Горазд Михајлов подолг период имаше успешна тренерска работа на Исланд. Враќањето во македонскиот фудбал го одбележа со освојување на Купот на Македонија во 2013 година како тренер на Тетекс од Тетово. Во есенскиот дел од првенството на Македонија го водеше Напредок од Кичево.