Колумбиската влада и ФАРК ќе потпишат нов мировен договор
23.11.2016 12:06
Документот ќе треба да биде одобрен и од парламентот.

Колумбиската Влада и групата Револуционерни оружени сили на Колумбија (ФАРК) ќе потпишат нов мировен договор за окончување на петдеценискиот конфликт. Документот ќе треба да биде одобрен и од парламентот.
Колумбијците на референдум го отфрлија претходниот договор со ФАРК. И поранешниот колумбиски претседател, Алваро Урибе одби да го поддржи новиот договор, нагласувајќи дека 50-те промени во договорот ќе ја загрозат демократијата зашто не содржат доволно висока казна за бунтовниците.
