Кремљ: Не ни се допаѓа терминот „ресетирање“

23.11.2016 12:51

Официјална Москва очекува воспоставување коректни односи со администрацијата на новиот американски претседател Трамп. Русија признава дека процесот нема да биде брз, но најавува обновување на дијалогот меѓу велесилите.

На Москва, како и на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп не им се допаѓа терминот „ресетирање“ за руско- американските односи, а во администрацијата на рускиот претседател се надеваат дека ќе бидат воспоставени односи од кои двете земји ќе имаат корист, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков на прес- конференција рече дека што се однесува до ресетирање на односите, се согласуваат со новиот американските претседател Трамп, дека тој збор сам себе се компромитирал бидејќи последиците  од тоа биле они кои сакале да ги видат. Песков навел дека е најважно да се има желба и да се покаже подготвеност за нормализација на односите.

Кремљ признава дека нормализацијата на односите со САД нема да биде брза и дека тој процес ќе трае, додавајќи дека тешко дека можат да бидат полоши, бидејќи ја достигнале најниската точка.

Песков го завршил обраќањето со надеж дека дијалогот ќе биде обновен.

Марина Автовска