Абас: НАТО силите во идната палестинска држава
Палестинскиот лидер Махмуд Абас во интервју за „Њујорк тајмс“ сугерираше на приуство на НАТО силите во идната палестинска држава, за што го известил и американскиот државен скеретар, Џон Кери.Абас рече дека израелската војска треба постепено да се повлече од еврејските населби од окупираниот Западен брег во рок од 5 години по потпишувањето мировен договор. Според тоа, Палестина би имала само полиција, но не и армија, и во тој случај НАТО би биле одговорни за спречување на тероризмот во земјата.

„Согласни сме да дозволиме трета страна да го заземе местото на Израел во процесот на повлекување за да се осигураме дека нештата ќе се одвиваат во нормала. Мислам дека НАТО е соодветна страна за таа мисија“. -изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Израелскиот премиер Нетанјаху рече дека ќе го прифати само оној договор којшто вклучува и долготрајно присуство на израелските сили долж источната граница кон Западниот брег.
Сириската национална коалиција соопшти дека неколку лидери на Слободната сириска војска ќе учествуваат во женевските разговори за иднината на Сирија. Претставник на коалицијата изјавил дека по првата рунда преговори било јасно дека е потребно во дијалогот да учествуваат и други организации. Бунтовниците рекоа дека ќе учествуваат за Дамаск да го прифати прекинот на огнот како и на опсадата на неколку градови и да се согласи на размена на заробеници. Директните преговори меѓу опозицијата и владата во петокот завршија без напредок. Сириската влада се уште не го потврди учеството во втората рунда.
Европската комесарка за внатрешни работи, Сесилија Малстром предупреди дека корупцијата во ЕУ ги нагризува основите на демократијата и на економскиот систем. Претставувајќи го годишниот извештај на Европската комисија за корупција, комесарката навела дека корупцијата ја чини унијата околу 150 милијарди евра годишно, што е еднакво на вкупниот годишен буџет. Според Малстром, антикорупциските закони не се спроведуваат доволно и не постои зона во унијата во којашто нема корупција.
Марина Автовска