Расте бројот на мигранти на грчките острови
23.11.2016 14:09
Во последните неколку дена, на Лезбос пристигнале 285 лица, на Хиос 245, и на Самос 69.
Се зголемува бројот на мигранти и бегалци на островите во северниот дел на Егејско Море. Во последните неколку дена, на Лезбос пристигнале 285 лица, на Хиос 245, и на Самос 69.
Вкупниот број на нови бегалци и мигранти е еднаков на пет проценти од сите луѓе кои во моментов се заглавени на грчките острови.
