Луфтханза откажа 900 летови
23.11.2016 15:04
Според синдикатот, авиокомпанијата не успева да стави на маса прифатлива понуда за преговори.

Луфтханза откажа 900 летови поради штрајкот на пилотите. Портпаролот на Синдикатот изјави дека протестот не му причинува задоволство и изрази жалење за патниците кои ги користат услугите на авиокомпанијата.
Според синдикатот, авиокомпанијата не успева да стави на маса прифатлива понуда за преговори. 5.400 пилоти бараат зголемување на платите од 3,7%.
