Коалцијата „ВМРО за Македонија“ во Охрид ја презентираше изборната програма
Под слоганот „Заедно за силна Македонија“, синоќа на средбата со граѓаните на Охрид коалицијата „ВМРО за Македонија“ ги презентираше изборната програма и кандидатите за пратеници. Како што најавија од оваа коалиција, тие ќе бидат третата опција во македонскиот политички блок.

На политичката сцена гледајте на нас како на посебен субјект, алтернатива за спас од она каде што не доведе политиката на главните две партии во земјата, рече лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски.
Ние како ветерани на ВМРО гарантираме дека Македонија можеме да ја дигнеме на нозе и да создадеме пристојно место за живеење, рече носителот на листата на коалицијата во 5-тата изборна единица, Љубе Бошкоски.
Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов рече дека приоритети на идната влада ќе бидат попис на населението, унитарност на државата, нов закон за бранителите и ред други мерки.
Сашо Нелоски
