ДПА одржа митинг во Црнилиште

23.11.2016 15:41

Пред присутните симпатизери и членови на оваа партија се обрати претседателот Тачи. Промовирајќи ги кандидатите за пратеници им ја претстави и програмата. Тачи меѓудругото посочи дека емоционално, како Албанец е поврзан со овие краишта.

Демократската партија на албанците одржа митинг во Црнилиште, Општина Долнени. Пред присутните симпатизери и членови на оваа партија се обрати претседателот Тачи. Промовирајќи ги кандидатите за пратеници им ја претстави и програмата. Тачи меѓудругото посочи дека емоционално, како Албанец е поврзан со овие краишта.

„Сум рекол и продолжувам да кажувам јавно и на оние од Тетово и од Гостивар и од Струга, дека тоа што ќе биде добробит од владеењето на ДПА за Албанците во поголемите градови ќе треба да го поделиме со Албанците кои живеат во овие краеви, бидејќи се под постојан притисок и на властите и на Македонците“, рече Тачи.

„Денеска дојдов да ви кажам дека имаме прецизен план. Јас како ваш водач имам многу храброст, знаење и познавања и се стремам за втор човек во државата, за заменик премиер. Нема да отстапам од тоа да не се грижам за вас, за да ви го подобрам квалитетот на животот. Како и да сторам се за да се чувствувате еднакви со нас, Алабанците кои живееме во поголемите зони и во поголемите градови населени од Албанците. Бог да ни е на помош на сите. Ве молам да се ангажирате сите без престанок, да бидете сигурни дека 11-ти декември вечерта ќе преставува почеток на среќата на сите Албанци, и почеток на несреќата само за еден човек, за Али Ахмети којшто мамеше 15 години бесрамно“, нагласи Тачи.

ДПА претходно оддржа средба и со жителите на Црнилиште, при што претседателот на партијата непосредно од нив беше запознаен за нивните потреби, желби и приоритети. Претходеше митингот во Студеничани, а вечерва ДПА ќе ја претстави својата програма и кандидатите за пратеници во Челопек. Инаку носител на листата на ДПА во петтата изборна единица е Адриан Усеини.

 

Фиљана Кока