Груби: Заокружување на официјалната употреба на албанскиот јазик

23.11.2016 15:42

Предлагаме посебен закон кој што ќе го регулира оваа прашање, изјави Груби и додаде дека, тој ќе доведе до целосна еднаквост на албанскиот со македонскиот јазик, а со тоа Македонија нема да загуби ништо, туку ќе стане уште посилна држава.

Официјална употреба на албанскиот јазик, е еден од столбовите на програмата на Демократската унија за интеграција, рече на прес конфренција носителот на листа во изборна единица 1, Артан Груби. Предлагаме посебен закон кој што ќе го регулира оваа прашање, изјави Груби и додаде дека, тој ќе доведе до целосна еднаквост на албанскиот со македонскиот јазик, а со тоа Македонија нема да загуби ништо, туку ќе стане уште посилна држава. Иако македонскиот општествен наратив, рече Груби, беше драматичен во врска со промените на уставот, во врска со законот за амнестија, законот за територијална поделба, децентрализацијата, употреба на албанскиот јазик во многу државни и локални органи, вработувањето на околу 25.000 албнаци во администрацијата, како и многу други национални програми на ДУИ, ништо лошо не се случило ниту на Македонија, ниту на македонскиот народ. Напротив, нашето општество, вели, стана еднакво, потолерантно и похезивмо, и како резултат на овие прокети Македонија добила кандидатски статус за ЕУ и Македонија е успешен пример за импелментација на мировен договор.

Сегашната регулатива има некои ограничувања, за некои нивоа на власт, како собрание, судството, извршната и локалната власт, но има и конфузија со индивидулната употреба, рече Груби. Според него, потребата за промена на законската рамка потекнува од Охридскиот рамковен договор, кој е подржан од меѓународната заедница и претставува барање и на Европската комисија. Имајќи ги в предвид сите предупредувања и сите аргументи кои ги наведовме, ДУИ за време на владеењето 2016 – 2020 е посветена да се спроведе Охридскиот договор во Уставот, и да се прифати јазикот како еден важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на иднетификацијата со државата и поттик за разбирање меѓу заедниците, изјави носителот на листата на ДУИ во единицата. Неговата партија предлага да се воведе еден соопфатен закон за употреба на јазиците, кој ќе биде услогласен со амандманот 5, на членот 7 од Уставот на државата. Никој нема потреба да се се плаши од еднаквоста која ќе следува по 11 декември, рече Груби во своето обраќање пред новинарите.

Според Пиштар Љутфиу, тоа што го ветувала Демократската унија за интеграција тоа и го реализирала. Ветивме дека ќе се отвори Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, со 5 факултети, и осигура 84 работни места за академскиот кадар и ректорат кој се наоѓа во центарот на градот Скопје, со сите потребни услови за функционирање на унивезитетот, рече Љутфиу. Денес ветуваме дека политиките на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети, го продолжува патот за спроведувањето на овој голем историски проект, додаде Љутфиу.

Демократската унија за интеграција ги има преземно сите мерки, преку мИнистерството за образование и наука да донесе зголемување на буџетот за капитални инвестиции од година на година, рече Љутфиу во своето обраќање.

 

Наташа Јанчиќ