Коалицијата предводена од СДСМ ја претстави изборната програма во Аеродром

23.11.2016 15:45

Презентирајќи ја програмата, Заев истакна дека е предвидено да се зголемат минималната и просечната плата, како и да се обезбеди помош од над 140 милиони евра за домашните фирми, создавање на клима за странски инвестиции, враќање на данокот во износ од 15 насто и бесплатно болничко лекување.

На 11-ти декември гласаме за живот во Македонија. Правда за сите, поддржете го планот на СДСМ, рече лидерот на опозицијата Зоран Заев на митингот во Аеродром, каде што беа промовирани кандидатите од првата изборната единица. Презентирајќи ја програмата, Заев истакна дека е предвидено да се зголемат минималната и просечната плата, како и да се обезбеди помош од над 140 милиони евра за домашните фирми, создавање на клима за странски инвестиции, враќање на данокот во износ од 15 насто и бесплатно болничко лекување. Беше нагласено дека на програмата работеле неколку години, а на 11-ти декември ќе била испишана нова историја. Македонија ќе биде место и дом за сите рече Заев.

Темелна реконструкција на вителните институции во Македонија, реизбор на судиите, посебни судски одделенија во трите инстанци. Приоритетната реформа на СДСМ ја соопшти носителот во првата изборна единица Стево Пендаровски. Нагласи дека ќе има нула толеранција за криминалот и корупцијата, а прекршителите ќе одговараат пред законот.

Под мотото „План за живот“ претходно предизборниот карван на коалицијата предводена од СДСМ одржа митинг и во Кисела Вода, беа промовирани кандидатите за пратеници и носителот. Беше потенцирано дека институциите ќе работат за граѓаните, а секое семејство ќе има повеќе пари за храна, а ќе може да си дозволи и одмор. Носителот во единицата од СДСМ, Пендаровски рече дека на 11-ти декември изборите ќе бидат и референдум за Република Македонија. Очекува двојно повеќе мандати, над 50 во оваа изборна единица, и како што рече над 400 илјади гласа.

 

Наташа Гркова- Петрушевска