Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Струга ја претстави програмата „Реално“

23.11.2016 15:52

Според лидерот на партијата Никола Груевски, ова е програма на нарадот и во неа е предвиден економски напредок. За наредните четири години предвиден е раст на брудо домашниот производ од 3 на 4,5 отсто, нови инвестиции, отворање на најмалки 70 илјади нови работни места, повисоки плати и пензии за 10 отсто ...

Доизградба на автопатот Ресен- Струга, изградба на автопатната делница Требениште- Струга, канализациски системи, нови градинки, спортски сали, набавка на најсовремена медицинска опрема, обнова на затворениот базен. Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред Стружани ја претстави програмата „Реално“.

Според лидерот на партијата Никола Груевски, ова е програма на нарадот и во неа е предвиден економски напредок. За наредните четири години предвиден е раст на брудо домашниот производ од 3 на 4,5 отсто, нови инвестиции, отворање на најмалки 70 илјади нови работни места, повисоки плати и пензии за 10 отсто и социјална помош за 50 отсто. Изградба на рурални развојни зони, во кои инвеститорите со изградба хотел, фабрика или земјоделско- дистрибутивен центар во било кое село ќе бидат ослободени од данок на добивка и персонален данок во период од 10 години. Груевски најави и проект за рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата.

Според Груевски опозицијата нема програма, напишала памфлет во кои наброила реализирани проекти и лажни ветувања кои никогаш нема да ги оствари. Груевски праша дали Стружани ја поддржуваат федерализацијата и двојазичноста на цела територија, нагласувајќи дека 11-ти декември ќе биде референдум за ова прашање.

Две години Македонија е во криза која има економски последици затоа што СДСМ не се спремни да ја признаат виљата на народот. Носителот на кандидатската листа во петтата изборна единица ги повика Стружани да го дадат својот глас за Коалицијата За подобра Македонија.  

Под слоганот „Знаеш што е подобро за тебе, за Македонија“, коалицијата „За подобра Македонија“ предизборната програма ја претстави и пред жителите на Ресен и Преспа. За во наредните четири години во овие места предвидено е изградба на нови патишта, спортски сали, нови плажи.

Предвидено е изградба на гасоводна мрежа од Битола, Ресен, Охрид и Струга, кој ќе го користат стопанствениците и домаќинставата. Политичарите повикаа на стабилно мнозинство со 63 пратеника кои ќе бидат гаранција дека црните сценарија нема да успеат. Граѓаните да изберат дали довербата ќе ја дадат на партија која отвора нови работни места, овозможува повисоки плати, пензии и социјална помош или на партија која заговара федерализација на државата.

 

Андријана Атанасовска