Ременски: Починати лица од Тетово земале социјална помош

23.11.2016 16:09

Извршена е неоснована испллата на 1.818.996 денари или близу 30 илјади евра, информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Починати лица од Тетово продолжиле да земаат социјална помош. Нивните семејства на ваков начин го оштетиле буџетот за 30 илјади евра. Ресорното министерство открило дека оваа злопупотреба се случувала во текот на годинава.

Извршена е неоснована испллата на 1.818.996 денари или близу 30 илјади евра, информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Таа додаде дека ова било констатирано од увидот што го направила шестчлена комисија, која ја контролирала работата на повеќе центри за социјална работа во периодот од 5 октомври до 14 ноември годинава.

Тројца од 134 починати лица, за кои продолжило правото на туѓа нега и по нивната смрт, додаде, се уште фигурираат во избирачкиот список за што ќе биде информирано МВР и ДИК.