ДИК го утврди роковникот за претседателските избори
Државната изборна комисија кадровски и технички е подготвена за успешно спроведување на претседателските избори што ќе се одржат на 13-ти април,уверува претседателот Рилковски.Во сите општини од 16-ти овој месец до втори март претседателските кандидати ќе може да ги собираат потребните 10 илјади потписи,освен ако немаат подршка од најмалку 30 пратеници.Најдоцна еден месец пред гласањето треба да се достави листата на кандидатите.Увидот во избирачкиот список почнува на 16-ти февруари и ќе трае 20 дена.Кампањата стартува на 24 март.

,,Кажуваме дека трае 20 дена,а во праксата трае 19 дена.Ова не е изменето,па ДИК нема можност да направи нешто поинаку од она што е во законот,, вели заменик претседателот на Државната изборна комисија,Субхи Јакупи.
Државната изборна комисија кадровски и технички е подготвена за успешно спроведување на претседателските избори што ќе се одржат на 13-ти април,уверува претседателот Рилковски.ДИК будно ќе ги следи активностите на функционерите и доследно ќе го спроведе законот ако има прекршување на изборниот законик.
,,Една препорака до сите кои го донесоа законикот да останат доследни и да го применуваат онака како што го донесоа,,дециден е првиот човек на Државната изборна комисија Никола Рилковски.
Со законските измени ќе има нов состав на изборните тела.Членовите на избирачките одбори ќе треба да имаат завршено најмалку средно,а претседателите високо образование.
Милчо Велески