Продолжува претставувањето на политичките партии

24.11.2016 10:20

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во скопските општини Аеродром и Карпош. СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Гостивар и Тетово...

Продолжува предизборната кампања. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во скопските општини Аеродром и Карпош.

СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Гостивар и Тетово.

Демократската партија на Албанците програмата ќе ја претстави пред жителите на Вруток.

Коалицијата за промени и правда ќе се претстави пред жителите на Кочани и Прилеп, а Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Ченто.