Полкот за специјални операции ќе изведе вежби на „Криволак“
Ќе биде презентирана врвната обученост на популарните Волци и Ренџери.Вежбата ќе биде изведена со боево гаѓање од оклопен транспортер, како и извршување наменски задачи со употреба на минско експлозивни средства.

На армискиот полигон „Криволак“, Полкот за специјални операции ќе изведе вежбовни активности со кои ќе биде презентирана врвната обученост на популарните Волци и Ренџери.
Вежбата ќе биде изведена со боево гаѓање од оклопен транспортер, како и извршување наменски задачи со употреба на минско експлозивни средства. Припадниците на оваа најелитна армиска единица се препознатливи по својата врвна обученост и подготвеноста да делуваат за многу кратко време и во било какви сложени услови.
Истовремено, во тек се и активностите од тековниот селективен курс за прием на 90 професионални војници во АРМ, кој се одвива под раководство на инструктори од Полкот за специјални операции.
