Вработените во „Југохром“ на протест во Скопје
Работниците ќе протестираат против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на комбинатот од Јегуновце.

Синдикатот на вработените во „Југохром“ на нов мирен протест, овојпат пред Судската палата во Скопје. Работниците ќе протестираат против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на комбинатот од Јегуновце.
Вработените најавија дека ќе одат и пред Инспекторатот на Министерството за животна средина, каде што ќе достават протестно писмо. Бараат повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на Југохром, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката, а од раководството бараат да се забрза со изградбата на филтер-станицата, која се успори поради оддолжување на постапката за градежна дозвола.
На 12-ти ноември вработените во „Југохром“ го блокираат автопатот Скопје- Тетово.
