Нов силен земјотрес во Фукушима, тревога за цунами
24.11.2016 10:54
Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.

Земјотрес од 6,1 рихтери ја погоди јапонската префектура Фукушима. Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.
Пред неколку дена, во истиот регион се случи и потресот од 7,4 степени. Јапонија лежи на сеизмички активно подрачје и таму се случуваат 20% од земјотресите со јачина над 6 рихтери на глобално ниво.
